Мишковиќ отвори фирми во БиХ и Црна Гора

26

„Делта холдинг“, компанијата на Мирослав Мишковиќ, отвори три нови компании во регионот, во БиХ и Црна Гора. Станува збор за компании кои работат во рамките на платформата Ананас, а тие се потврда за претходните информации од компанијата дека платформата за е-трговија има намера да се прошири и во околните земји.

Како што пренесува Бизнисфо.ба, за директор на Ананас од Сараево е назначен Ерол Феровиќ.

Кога станува збор за Црна Гора, во Подгорица се основани две нови компании по име Ananas Montenegro и Ananas Express CG, кои во наредните месеци треба да ја лансираат најголемата онлајн платформа за тргување во земјата, пишува Investor.

Да потсетиме, Ананас пред две години влезе на македонскиот пазар кога од Payten купи 100% сопственост во македонската компанија Webspot. На овој начин Ананас потоа стана сопственик на брендовите за онлајн шопинг Grouper.mk и Paopao.mk.