
Според прелиминарните проценки, руската економија во јануари пораснала за 4,6 отсто на годишно ниво, изјави во вторникот премиерот на Руската Федерација Михаил Мишустин.
Тој посочи дека некои сектори на руската економија забележале двоцифрен раст на годишно ниво во јануари, пренесува ТАСС.
„Ова вклучува производство на компјутери, електронска опрема, мебел, кожни производи, текстил и многу други материјали“, истакна премиерот на Русија.
Тој потсети дека руската економија на крајот на минатата година порасна за 3,6 отсто.
„Ќе продолжиме да одиме напред и покрај надворешните притисоци“, заклучи Мишустин.
Руската економија им пркоси на негативните прогнози и се чини дека инфлацијата во таа земја е под контрола, пишува британски Економист во статија објавена на почетокот на неделата, пренесе агенцијата Танјуг.
Денеска Москва ќе ги објави официјалните податоци за февруарската инфлација.











