Митови што треба да ги разбиете ако сакате да бидете успешни

223

Помина времето кога фриленсерите, меѓу кои најмногу, програмери, дизајнери и ИТ професионалци, работеа за една компанија цел живот. На пример, во САД околу 35% од луѓето работеле на неконвенционален начин во 2019 година, што е за 5% повеќе отколку во 2014 година. Бидејќи овој бизнис станува важен сегмент на економијата, важно е фриленсерите да знаат како да го извлечат најдоброто од тоа.

Стивенс, која денес живее во Јапонија, на овој начин работи веќе 20 години, и тоа како актер за позајмување на гласови. Вели дека е свесна за заблудите кои фриленсерите ги имаат во себде, особено кога станува збор за парите.

МИТ 1: “Ако добро ја завршам работата, клиентот ќе забележи и ќе ми плати повеќе во иднина“

“Овој пристап е погрешен затоа што ја девалвира работата на сите фриленсери. Ако клиентот ве вработува, очигледно е дека ги имате потребните и вредни вештини уште од самиот почеток. Значи, вие заслужувате да бидете платени онолку колку што навистина цените“, вели Стивенс, додавајќи дека на крајот излегува дека цената на којашто еден фриленсер ќе се согласи ќе биде стандард за сите други.

МИТ 2: “За да изградам подобар имиџ треба да ги прифатам сите работи“

“Јасно ми е дека луѓето, особено во почетокот, сакаат да прават секакви работи и да стекнат искуство, но кога е сè што правиме доволно? Фриленс работата зависи од вашите вештини и знаења, не мора да е сè од искуството. Логиката е оваа: Ако сте доволно добри за да ја завршите работата, тогаш сте и ‘доволно добри’ за соодветна исплата“, заклучува Стивенс.

МИТ 3: “Ако сакам да успеам како фриленсер, не смеам да бидам многу пребирлив. Тоа би можело да ми наштети на угледот“
“Лош став е дека не треба да бирате работни места ако сте почетници. Покрај тоа, изборот на работа зборува за вашата репутација, каков што сте. Ослободете се од притисокот да мора да прифатите нешто, особено ако тоа е во спротивност со вашите вредности. Преземањето работа што не ве исполнува создава гнев и револт“, посочува Стивенс.

Фото: Pexels