Жирито на официјалниот избор на автомобил на годината во Р. Македонија го прогласи Mitsubishi Outlander за SUV на 2013 година. Mitsubishi Outlander е многу добро познат на македонскиот пазар и возачите веќе ги искусуваат предностите на неговата трета генерација. Во светски рамки Mitsubishi Outlander ја има достигнато бројката на повеќе од еден милион продадени возила. Овој автомобил е најаеродинамичен во својата класа, располага со голема моќност, а во исто време е и автомобил кој постигнува ниска потрошувачка на гориво. Последната, трета генерација на Mitsubishi Outlander има аеродинамичен изглед и користи високо квалитетни и иновативни материјали. Изработен е од челик со висока цврстина кој заедно со помошните системи им овозможуваат на возачот и патниците врвна безбедност и удобност при возењето.
Наградата за SUV на 2013 година во Македонија ја прими Александар Ордевски, директорот на продажба на македонскиот импортер на Mitsubishi Motors – МакАутостар.