Млади купувачи го менуваат пазарот на луксузни недвижнини

29

Во спротивност со стереотипите за миленијалците или оние кои се родени меѓу 1980-та и 2000-та година, дека се “мрзеливи луѓе“, тие не живеат во домот на родителите, туку купуваат домови од милиони долари, пишува Bloomberg.

Миленијалците со 38% имаат најголем удел во купувањето куќи во САД, според официјалните податоци.

Тие го разбиваат митот за “првиот дом“ што го создавале претходните генерации, па богатите миленијалци имаат поголеми амбиции и повисоки критериуми.

“Порано луѓето купуваа скромни имоти, живееја на нив додека не основаа семејство, а потоа ги заменуваа со поголем дом. Миленијалците сега вложуваат на пазарот на недвижнини и не е реткост да купат луксузен имот за неколку милиони долари во САД или во странство“, вели Бредли Нелсон, главен маркетинг директор во Sotheby’s International Realty.

Миленијалците важат за најобразовани генерации во историјата, располагаат со високи приходи и очекуваат поголемо наследство од претходните генерации. Се очекува миленијалците да го обликуваат пазарот, да ги имплементираат и своите технолошки вештини и голема грижа кон животната средина.

Фото: Freepik