Младите во Грција, кои ќе се вакцинираат, ќе добијат по 150 евра

40

Младите во Грција кои ќе се вакцинираат против коронавирусот наскоро нема да добијат само заштита од вирусот, туку и платежна картичка од 150 евра, бидејќи земјата сака да привлече поголем број лица кои ќе се вакцинираат.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис објави дека тоа ќе се однесува на 940.000 лица во земјата на возраст меѓу 18 и 25 години. За тој проект, тамошната влада одвоила 141 милион евра, а се надеваат дека 60% од целото население, што брои 11 милиони жители, ќе биде вакцинирано до крајот на јули.

Парите може да се искористат за хотелски резервации, траекти, авио билети, посети на музеи и концерти.

Фото: Pexels