Млечни капсули во практично тврдо пакување

37

coffee-cup-2031292_960_720

Фото: Pixabay

Група научници од Универзитетот Мартин Лутер Хале Витенберг во Германија создадоа млечни капсули што се раствораат кога ќе се стават во топол пијалак. Тврдото практично пакување придонесува за заштеда на материјал како и полесно користење без ризик од истурање.

“Капсулите имаат кристална кора што лесно се топи во топла течност“, вели Марта Велнер, која го разви процесот како дел од нејзините докторски студии.

Според неа, производството на капсулите е релативно лесно. Прво се прави раствор од млеко и се додава посакуваната количина на шеќер или било која друга незасладена суптанца што формира кора и потоа тоа се става во калап. Како што смесата се лади, вишокот на шеќер формира кристали на површината додека во внатрешноста остануваат растворливото млеко и шеќерот. Штом млекото ќе се искристализира може да се чува три недели.

Моментално има две опции од млечните капсули слатка и полуслатка верзија. Научниците сè уште работат на незасладената верзија. Капсулите можат да имаат различна форма и се чуваат на собна температура.

Според Велнер, на ваков начин можат да се инкапсулираат и други течности како на пример овошен сок. Сепак, на пазарот сè уште го нема финалниот производ. За истиот да биде пуштен во продажба потребни се дополнителни испитувања со цел да се види дали капсулите се целосно безбедни и можат да се произведат.