Хотелот Ritz – Carlton Grand Canal во Абу Даби внесува нешто ново на своето мени. Станува збор за коктели со млеко од камила. За таа цел луксузниот хотел најмил и стручно лице кое ќе ја има задачата да ги подготвува овие невообичаени коктели кои ќе содржат висок процент на протеини.
Користејќи локално млеко од камила, стручниот бармен ќе креира безалкохолни пијалоци кои во себе ќе содржат состојки како свежо нане и јагоди, кои ќе го потсетуваат гостинот на автентичните вкусови на Блискиот Исток.
Млекото од камила се верува дека е најблиско по состав до мајчиното млеко и изобилува со витамин Б и Ц, како и железо. Млекото е погодно и како диететски производ за дијабетичари, со оглед на тоа дека истото е извор на инсулин, и е лесно за варење за оние кои се нетолерантни на лактоза.
Новата услуга во хотелот ќе биде достапна од 9 јули, важен датум во муслиманскиот календар, односно денот кога започнува Светиот месец Рамазан.