Млеко од камила на менито во хотелот Ritz – Carlton во Абу Даби

154

ritz-carlton-abu-dhabiХотелот Ritz – Carlton Grand Canal во Абу Даби внесува нешто ново на своето мени. Станува збор за коктели со млеко од камила. За таа цел луксузниот хотел најмил и стручно лице кое ќе ја има задачата да ги подготвува овие невообичаени коктели кои ќе содржат висок процент на протеини.

camel-milk-mixologist

Користејќи локално млеко од камила, стручниот бармен ќе креира безалкохолни пијалоци кои во себе ќе содржат состојки како свежо нане и јагоди, кои ќе го потсетуваат гостинот на автентичните вкусови на Блискиот Исток.

Млекото од камила се верува дека е најблиско по состав до мајчиното млеко и изобилува со витамин Б и Ц, како и железо. Млекото е погодно и како диететски производ за дијабетичари, со оглед на тоа дека истото е извор на инсулин, и е лесно за варење за оние кои се нетолерантни на лактоза.

Новата услуга во хотелот ќе биде достапна од 9 јули, важен датум во муслиманскиот календар, односно денот кога започнува Светиот месец Рамазан.

camel-milk