ММФ: Бавен глобален раст, но без глобална рецесија

Војната во Украина ќе придонесе за забавување на глобалниот економски раст, но нема да предизвика глобална рецесија, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, објавувајќи ги новите прогнози на ММФ за април.

Таа на форумот на магазинот Форин полиси рече дека глобалниот економски раст ќе успее да остане позитивен оваа година и покрај војната во Украина, но дека голем број земји со веќе слаби економии би можеле да паднат во рецесија, пренесува Ројтерс.

Според последните прогнози на ММФ од јануари, за 2022 година е проектиран глобален раст од 4,4 отсто, што е за половина процент помалку од октомвриската прогноза.