Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали прогнозите за глобалниот економски раст, стои во официјалното соопштение на оваа меѓународна финансиска институција.
ММФ очекува оваа година глобалниот раст да биде 3,1% што е 0,1 процентен поен помалку во однос на претходната прогноза. За следната година прогнозата за раст е намалена за 0,1 процентен поен на 3,4%.
Оттаму велат дека одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија е главна причина за економска нестабилност на глобално ниво, покрај подобрените резултати во работата во Европа и Јапонија. Најголемите последици, според ММФ, ќе ги почувствува Велика Британија, па проценката за економски раст на оваа земја е 1,7%, додека за следната година прогнозата е раст од 1,3%.