ММФ ги следи последиците по финансиската стабилност по колапсот на СВБ

25

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави дека ги следи потенцијалните последици за финансиската стабилност поради колапсот на банката Силиконска долина (SVB – Silicon valley bank) истакнувајќи дека Вашингтон презема соодветни регулаторни чекори.

„Внимателно го следиме развојот на настаните и потенцијалните импликации за финансиската стабилност и имаме целосна доверба дека креаторите на политиката во САД преземаат соодветни чекори за да ја решат ситуацијата“, рече портпаролот на ММФ во изјавата за Ројтерс.

Американските власти претходно најавија дека колапсот на СВБ банка не е системски проблем и дека нема да има никакви последици за банкарскиот сектор како за време на финансиската криза во 2008 година.