ММФ: Глобалната економија се наоѓа во деликатен момент

18

Фото: Pixabay

Пред една година, економската активност забележа раст скоро во сите делови од светот. Една година подоцна, многу нешта се променија, нотира Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), потенцирајќи дека глобалната економија се наоѓа во деликатен момент.

Причини за намалената економска, според ММФ, се: ескалирање на трговските тензии меѓу САД и Кина, макроекономските проблеми во Аргентина и Турција, промените во автомобилскиот сектор во Германија… што доведоа до значително ослабнување на  глобалната економија, особено во втората половина од 2018 година.

ММФ предвидува дека оваа економска слабост продолжува во првата половина од оваа година, па се предвидува забавување на растот во 2019 година за 70%.

Глобалниот раст се намали на 3,6% во 2018 година, а се очекува да падне за 3,3% во 2019 година. Надолната ревизија на растот од 0,2 процентни поени за 2019 година, во однос на јануарската проекција, е поради тренд на намалување на економската активности во повеќе економии, меѓу кои: земјите од евро зоната, Латинска Америка, САД, Обединетото Кралство, Канада и Австралија.

ММФ предвидува, по слабиот раст во првата половина, во втората половина од годината да забрза процесот на раст во светот.