
Глобалниот јавен долг би можел да достигне речиси 100 проценти од БДП до крајот на оваа деценија, надминувајќи ги нивоата на долг забележани за време на пандемијата, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот „Фискален монитор“.
ММФ очекува дека јавниот долг ќе скокне за 2,8 процентни поени оваа година, повеќе од двојно отколку во претходната година, што би го зголемил долгот на 95,1 процент од бруто домашниот производ, објави „Блумберг“.
Според експертите, трговските тензии иницирани од Соединетите Американски Држави ќе го забават светскиот економски раст и ќе ја зголемат нестабилноста на финансиските пазари.











