ММФ го предупреди Ел Салвадор: Биткоинот носи ризици за потрошувачите и за финансиската стабилност

79

По најавата на Владата на Ел Салвадор дека биткоинот ќе го направи законско средство за плаќање, па дури и дека ќе гради Биткоин град, Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека не би требало да се користи криптовалутата како законско средство за плаќање поради ризиците врзани со неа.

„Употребата на биткоинот исто така води до потенцијални финансиски обврски. Заради тие ризици биткоин не би требало да се користи како законско средство за плаќање, соопшти ММФ препорачувајќи и на владата на Ел Салвадор да го стесни законот за биткоинот и да ја зајакне регулативата и надзорот над новиот платен екосистем.

Со оглед на високата волатилност на цената на биткоинот, предупредува ММФ, неговата употреба како законско средство за плаќање повлекува со себе значителни ризици во поглед на заштита на потрошувачите, како и по финансискиот интегритет и финансиската стабилност.

Ова се наведува во завршниот извештај на тимот на ММФ од неодамнешната редовна мисија спроведена во Ел Салвадор, пренсува Ројтерс.