ММФ го суспендираше пристапот на Авганистан до парични средства

31

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) синоќа објави дека го суспендира пристапот на Авганистан до фондовите на ММФ, кој вклучува околу 455 милиони долари нови монетарни резерви.

Како причина, ММФ наведе дека ситуацијата во врска со владата на таа земја не е доволно јасна, откако Талибанците ја презедоа контролата врз Кабул, пренесува Ројтерс.

“Како и секогаш, ММФ се води според ставовите на меѓународната заедница“, рече портпаролот на финансиската организација, истакнувајќи дека позицијата во рамките на меѓународната заедница во врска со признавањето на владата во Авганистан во моментов не е јасна.

Блокиран е и пристапот до средствата на ММФ според аранжманот СДР (Специјални права на влечење).