ММФ и одобри 78 милиони долари на БиХ

16

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и одобри на Босна и Херцеговина исплата на 78 милиони долари, по завршување на првиот преглед по стенд бај аранжманот.

“Извршниот одбор на ММФ го заврши прегледот на економските перформанси на БиХ по програмата поддржана од 24 месечниот стенд бај аранжман”, соопштува ММФ.

ММФ во септември на БиХ и одобри 24 – месечен стенд бај кредит во износ од 405 милиони евра, како вид поддршка на владината економска програма во време кога кризата во еврозоната влијаеше врз падот на побарувачката на производи од БиХ.
Исплата на траншата зависеше од донесувањето на буџетот за 2013 година, што е сторено на почетокот на овој месец.