ММФ ја намали прогнозата за глобален раст за следниот месец

68

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за глобален раст за следниот месец поради војната и санкциите кон Русија, кои се одразија на глобалната трговија.

Директорката на ММФ Кристалина Георгиева рече дека руската економија се соочува со „длабока рецесија“ што се прелева во глобалната економија, предизвикувајќи пораст на трошоците за енергија и храна.

„Пандемијата со која се соочуваме достигнува криза без преседан. Сега сме во уште пошокантна ситуација. Се случи незамисливото: имаме војна во Европа“, додаде таа.

Како резултат на изолација на Русија, канцелариите на ММФ во Москва се затворени.

Георгиева рече дека ММФ во овој момент нема програмски ниту политички односи со Русија. Меѓутоа, Русија го задржува своето членство во глобалната финансиска институција.