ММФ ја намали прогнозата за раст на американската економија

20

Американската економија ќе порасне за 2,3 отсто оваа година, послабo од очекуваното, процени Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), истакнувајќи дека новите податоци сигнализираат забавување на личната потрошувачка. На крајот на јуни ММФ процени дека најголемата светска економија годинава ќе порасне за 2,9 отсто.

Во 2023 година растот би требало нагло да забави, на само 1,0 отсто, прогнозираат тие, намалувајќи ја претходната проценка за 0,7 процентни поени.

Меѓународниот заемодавец ги намали прогнозите откако американските податоци за првиот квартал покажаа пад на активноста од 0,4 отсто на квартално ниво и слаба лична потрошувачка во мај. Тие истовремено предупредија на предизвиците што ги носи високата инфлација и напорите на централната банка да ја спречи со зголемување на каматните стапки.