Економијата на Азија би требало да порасне за 4,5 отсто во 2024 година, во однос на октомвриската проекција од 4,2 отсто, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата ажурирана регионална економска перспектива за Азија и Пацификот во средата.
Континентот останува на пат да поттикне околу две третини од глобалниот раст во 2024 година, како и минатата година, соопшти фондот со седиште во Вашингтон.
Нагорната ревизија од 0,3 процентни поени на стапката на раст на Азија следи по позитивниот економски моментум пренесен од 2023 година и значајните политички стимулации објавени од земји како Кина и Тајланд, како и силната надворешна побарувачка.
„Поподдржувачкото надворешно опкружување, особено силниот раст во САД, ја зајакнува домашната отпорност“, рече Кришна Сринивасан, директор на Азиско-пацифичкиот оддел на ММФ во Токио, Јапонија.
„Побарувачката за технологија – компјутери, електроника и оптички производи – порасна во последните месеци, од која корист имаат економиите како Јужна Кореја и Сингапур.
Сепак, регионалниот просек крие значителни отстапувања меѓу земјите, истакна Сринавасан.
На пример, додека растот во Индија се очекува да остане силен од 6,5 проценти оваа и следната година, во Јапонија се предвидува дека ќе забави на околу еден процент оваа година, од два проценти во 2023 година.