ММФ ја зголеми прогнозата за глобалниот економски раст во 2024 година на 3,1 отсто

39

Во својот последен извештај, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата за глобалниот економски раст во 2024 година на 3,1 отсто, што е за 0,2 отсто повеќе од претходната прогноза од октомври 2023 година.

Економијата на Соединетите Американски Држави покажа поголема отпорност од очекуваното, како и некои големи економии во развој, а оптимизмот е поттикнат и од државната поддршка за кинеската економија, се посочува во образложението на прогнозата.

ММФ очекува глобалната стапка на инфлација да падне на 5,8 отсто во 2024 година и на 4,4 отсто во 2025 година.