ММФ: Криптовалутите можат да бидат многу опасни за финансиската стабилност

152

Криптовалутите повеќе не се на периферијата на финансискиот систем, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во новиот извештај цитиран од светските агенции. Според финансиските анализи, дигиталните пари и берзите се повеќе се поврзуваат со економиите. И ова предизвикува загриженост за финансиска нестабилност.

Економистот на ММФ, Тара Ајер тврди дека „крипто средствата како што е биткоинот“ созреале „од нејасна класа на средства со малку корисници и достигнале составен дел од револуцијата на дигиталните средства“. Таа додаде дека со таква брза транзиција доаѓаат и големите ризици.

Студијата на ММФ покажа дека пред пандемијата, биткоинот и етерот помогнале да се диверзифицира ризикот за инвеститорите со тоа што делувале како заштита од флуктуации во другите класи на средства.

„Но, тоа се смени по кризата на американската централна банка на почетокот на 2020 година“, се вели во извештајот. Коефициентот на корелација помеѓу биткоинот (BTC) и S&P 500 се зголеми за 3.600%, поместувајќи се од 0,01 на 0,36 по април 2020 година.

„Со оглед на релативно високата нестабилност и вреднување на [крипто средствата], нивното зголемено заедничко движење наскоро може да претставува ризици за финансиската стабилност. Особено во земјите со широко распространето прифаќање криптовалути“, рече ММФ.

Финансиските експерти на фондот повикаа на координирана глобална регулаторна рамка, „за да се води националната регулатива и надзор и да се ублажат ризиците за финансиската стабилност што произлегуваат од крипто екосистемот“.