ММФ одобри 650 милијарди долари помош на сиромашните земји

26

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри алокација на специјални права за влечење во износ од 650 милијарди долари, за да се распоредат  девизни средства за 190 земји членки и да бидат завршени до крајот на август.

Извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева изјави дека ќе го претстави предлогот за распределба на специјални права за влечење, што се најобемни во 77-годишната историја на оваа меѓународна финансиска институција, бордот на гувернери на Фондот и претставници на сите земји членки на ММФ.

Специјалните права за влечење ќе ја зголемат ликвидноста и резервите на сите земји членки на ММФ, ќе ја зајакнат довербата и ќе ја зацврстат отпорноста и стабилноста на глобалната економија.

ММФ во 2009-та подели специјални права за влечење во износ од 250 милијарди долари на земјите членки за да им помогне да ги ублажат последиците од глобалната финансиска криза.

Специјалните права за влечење се девизен имот на ММФ, сочинети од кошничка валути: долар, евро, јен, фунта и јуан.

Фото: Pexels