ММФ одобри исплата на четврта транша од 47,5 милиони евра за БиХ

26

mmfИзвршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го финализираше четвртиот преглед по одобрениот стенд-бај аранжман за Босна и Херцеговина. Како што соопшти ММФ, финализацијата на прегледот овозможува исплата на износ од околу 47,5 милиони евра, јавуваат медиумите во БиХ.

“И покрај предизвикувачкото опкружување, се остварува напредок во исполнување на целите на програмата. Сите квантитативни критериуми за извршување поставени до крајот на јуни се исполнети, а прогрес се остварува и во почитување на структурални одредби”, се наведува во соопштението.

Вкупниот износ на одобрените транши во рамките на стенд – бај аранжманот изнесува 237 милиони евра. Стенд – бај аранжманот за БиХ е одобрен во јули 2012 година.