
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Институтот за меѓународни финансии (IIF) предупредија за ризиците што ги претставуваат за светската економија растот на јавниот и приватниот долг и високите трошоци за задолжување.
IIF во својот квартален извештај за долгот наведува дека светот влегува во период кога високите нивоа на задолженост ќе бидат долгорочен тренд, бидејќи владите и компаниите ги зголемуваат инвестициите во нови технологии и се соочуваат со трошоците од стареењето на населението, објавува „Гардијан“.
Вкупниот долг во светот е околу 365 трилиони долари, а IIF предупредува дека неговото зголемување би можело да се забрза бидејќи земјите и компаниите се стремат да го стимулираат растот и да се прилагодат на структурните промени во економијата.












