ММФ повикува за уште посериозно намалување на штетните гасови

26

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) бара поголемо намалување на емисиите на јаглерод. Експертите на фондот проценуваат дека постигнувањето на целите за ограничување на затоплувањето меѓу 1,5 и 2 Целзиусови степени е недостижно со сегашната стапка на намалување на штетните гасови.

Со непроменети глобални политики, емисиите на јаглерод до 2030 година ќе бидат многу повисоки отколку што е потребно за да се постигне целта за ограничување на затоплувањето на 1,5 степени, децидни се експертите од Меѓународниот монетарен фонд.

Постигнувањето на таа цел бара итно намалување на емисиите за 55 проценти под референтните основни нивоа до 2030 година, а за постигнување на целта за ограничување на затоплувањето на 2 Целзиусови степени – за 30 проценти. Извештајот покажува дека напорите на одделни земји може да се пребалансираат.