
Фискалните ризици во светот растат поради зголемувањето на јавниот долг, повисоките каматни стапки и постојаните притисоци врз јавната потрошувачка, а земјите треба да реагираат навремено за да избегнат потешки последици подоцна, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во „Фискален монитор“ објавен денес.
„Јавниот долг е многу висок и продолжува да расте, каматните стапки се високи, а притисоците за потрошувачка се присутни низ целиот свет“, изјави директорот за фискални прашања на ММФ, Родриго Валдес.
Тој предупреди дека последиците од фискалната недисциплина во големите развиени економии не остануваат во нивните граници, туку се пренесуваат на остатокот од светот.












