ММФ: Реформите услов за нова транша за БиХ

28

evra

Властите на Босна и Херцеговина, како што стојат работите сега, нема да ја добијат траншата од 68 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд, затоа што досега не е заклучен осмиот предлог од stand by аранжманот потребен да се донесе одлука за негово продолжување, пишува Дневни Аваз.

Според резидентниот претставник на ММФ во БиХ, Рубен Атојан, властите се уште не се обврзале на реформите поради што привремено е стопирано одобрувањето на траншата.

“Овие реформи имаат за цел унапредување на почитувањето на даночните прописи и борба против даночните измами, јакнење на стабилноста на финансискиот сектор и јакнење на супервизијата на банкарскиот сектор, како и намалување на трошењето на владата кое не е директно поврзано со санацијата на последиците од поплавите што ја зафатија земјата во мај минатата година”, вели Атојан за Аваз.

Економските експерти предвидуваат дека поради недобивањето на парите од ММФ, ентитеските буџети ќе се најдат во огромни проблеми, што ќе повлече доцнење во исплатите на социјалните давачки.

ММФ и одобри двегодишен stand by аранжман на БиХ во септември 2012 година.