ММФ: Се забележува постепено напуштање на доларот

33

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, најави дека има постепено напуштање на употребата на американскиот долар, но додаде дека во блиска иднина не гледа алтернатива на американската валута.

„Не е тоа главното нешто што ме загрижува. Постепеното напуштање на доларот е навистина забележливо, но јас не гледам алтернатива за тоа. Во секој случај, не во блиска иднина“, рече Георгиева.

Во светлината на невидените антируски санкции кои го погодија, меѓу другото, финансискиот и банкарскиот сектор, довербата во доларот се губи. Многу земји се обидуваат да ја намалат неговата употреба во различни видови плаќања. Русија тргна на патот на напуштање на употребата на американската валута во меѓународните порамнувања.