
Уделот на американскиот долар во глобалните девизни резерви малку се намали и изнесува 56,9 проценти во третиот квартал од 2025 година, според најновите податоци од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
На крајот од вториот квартал, уделот на доларот во резервите изнесуваше 57,1 процент, а пазарите сега се стабилизираат по изразените движења на валутните пазари во претходниот период, објавува Ројтерс.
Во третиот квартал, уделот на еврото малку се зголеми, од 20,2 проценти во вториот квартал на 20,3 проценти, а уделот на јапонскиот јен исто така дополнително се зголеми од 5,6 на 5,8 проценти.











