ММФ: За економско закрепнување ќе бидат потребни години

52

Кризата предизвикана од пандемијата ќе трае подолго од она што се очекуваше и во одредени земји ќе бидат потребни години пред нивните економии повторно да почнат да бележат раст, смета Џефри Окамото, прв заменик директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

“Настојуваме да ја зачуваме нашата финансиска сила. За враќање на стапките на раст ќе бидат потребни неколку години, а на многу земји на тој пат ќе им биде потребна поддршка“, смета Окамото.

Тој, на состанок во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, потсети дека ММФ одвои 90 милијарди долари за итно финансирање на околу 80 земји, но продолжува да работи со земјите членки да ја запрат пандемијата и нејзините последици, пренесува Ројтерс.

Фото: Pexels