
– Туризмот во соседните земји би можел да се намали, а постои и можност за повисоки цени на нафтата и гасот, изјави во Вашингтон Џули Козак, шефица за комуникации во ММФ.
Таа вели дека се можни и нарушувања на финансиските пазари и регионалните трговски патишта, што би резултирало со повисоки трговски трошоци. Од глобална перспектива, економските последици засега се релативно ограничени, но ситуацијата е „многу неизвесна“, продолжи Козак.
– Најтешко ќе бидат погодени економиите на Израел, палестинскиот Западен Брег и Појасот Газа, но крајниот опсег на негативните последици ќе зависи од времетраењето и интензитетот на конфликтот, истакна Козак. Таа посочи дека ММФ е „шокирана и тажна поради хуманитарната ситуација и загубата на човечки животи во конфликтот“.











