МНР препорачува да не се патува во Авганистан, а тие што се таму да се вратат

28

Граѓаните да не патуваат во Авганистан, а доколку моментално се наоѓаат таму, заради лична безбедност веднаш да заминат, препорачува македонското Министерството за надворешни работи. Препораката се упатува заради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Авганистан, велат од МНР.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732, се наведува во соопштението од МНР.

Фото: Pixabay