Mobiado Professional 3 GCB Great Empires – спој на технологија и луксуз

50

Mobiado8Канадската компанија Mobiado создаде мобилен телефон каде технологијата и луксузот се совршено споени, пишува Superyachts.

Mobiado Professional 3 GCB Great Empires истовремено комбинира културни и креативни елементи, обложен е со 24-каратно злато на коешто вешто е изгравиран Рускиот орел. Моќната птица оддава почит на руската револуција и историја навраќајќи се 100 години во минатото, во 1917 година.

Златната топка и царскиот жезол ја претставуваат руската црква и царот. Освен тоа, на телефонот можат да се забележат голем кристал од сафир и сафирни копчиња со позлатени детали. Со оглед на неговата софистицираност произведени се само 99 парчиња.

Покрај елегантната надворешност, телефонот е корисен како и останатите мобилни телефони на пазарот, вклучувајќи 3G покриеност, поддршка за сите SIM картички, QVGA дисплеј од 2,4 инчи, SD меморија, камера за фотографии и видеа, два микрофона, Bluetooth 3.0, веб пребарувач и музички плеер.

m2ed6b843d63f15547fd7449074e448b4e