Фото: Kickstarter
Mobile е водоотпорна, мултифункционална масичка, што ги полни сите типови на уреди без користење на било какви кабли.
Производот е дело на старт-ап со седиште во Милано, Италија, а идејата за него креаторите Лудвико и Франческо, ја добиле во јуни минатата година.
Mobile може да се користи на два различни начини, со кабел директно поврзан со DC адаптер од 5V, или со вградениот power-bank од 20.000 mAh со којшто Mobile може да се премести на било кое место.
Масичката е комплетно рачно изработена од висококвалитетно дрво и ја има во триаголна форма или во форма на коцка.
Производот има своја кампања на платформата Kickstarter и досега има собрано 6.607 долари од потребните 41.636 долари, а кампањата трае уште 24 дена.
Првите испораки на производот се очекува да бидат во септември годинава.