Мобилна апликација ќе го решава сообраќајниот метеж во Хелсинки

43

helsinki

Главниот град на Финска го претстави планот за целосна трансформација на постоечката мрежа на јавен превоз во иновативен систем по што употребата на автомобили ќе се сведе на минимум, пишува британски The Guardian.

Целта на овој проект е да се надмине конвенционалниот јавен превоз, а луѓето можат да имаат увид за возниот ред преку нивните паметни телефони. Планирано е обединување на сите јавни превозни средства како што се автобус, велосипед, такси, траект и слично, што на граѓаните ќе им овозможи повеќе достапни и флексибилни решенија за транспорт.

Корисниците на услугата ќе можат да ја изберат посакуваната дестинација и да дознаат на кој начин најлесно можат да стигнат и колку ќе ги чини тоа. Сето тоа ќе можат да го направат преку нивниот мобилен телефон. Апликацијата, за кој нејзините креатори тврдат дека ќе биде едноставна за употреба, ќе функционира како планер на патувањето и ќе биде универзална платна платформа која ги поврзува сите опции на превоз.

И покрај овој проект, Хелсинки не предлага целосно укинување на употребата на автомобили, бидејќи голем број од жителите на овој фински град имаат викенд куќи на село, каде што можат да стигнат само со сопствен автомобил. Но, идејата за поттикнување на оваа мобилна апликција е да се намали сообраќајниот метеж и да се зголеми мобилноста и употребата на јавниот превоз.