Мобилни брани што спречуваат поплави во урбани средини

40

noaq-boxwall

Фото: Bluemont

NOAQ Boxwall е мобилна брана што спречува поплави во урбани средини коишто се прекриени со површини од асфалт и бетон.

Лесно и брзо се монтираат, а за да бидат стабилни ја користат тежината на водата од којашто треба да се одбранат. Високи се 50 сантиметри, а тежат 3,5 килограми, но кога ќе надојде водата, таа со својата тежина ја држи браната на своето место.

Браните се спојуваат една со друга и потоа се фиксираат со стеги. Должината на браната зависи од потребите на теренот, а може да се поставува и на одредени кривини за да се зголеми заштитата од поплави.

Овие брани ги изработува компанијата Bluemont од Австралија.