Очилата за сонце за многумина се важен моден детал без кој не може да го замислат летото. Но, ентузијасти од САД решија овој додаток да го произведат на необичен начин, користејќи ги старите рибарски мрежи.
“Пронајдовме иновативно решение за еден од најштетните материјали во океанот – пластиката, па Колекцијата ги употребува старите рибарски мрежи за создавање очила за сонце со врвен квалитет“, стои на страницата на Kickstarter, каде што овој проект обезбеди над 47.841 долари.
Американскиот старт – ап има за цел да го заштити океанот, па минатата година успешно го лансираа Minnow – првиот скејтборд направен од рециклирани рибарски мрежи. Досега овие ентузијасти успеале да соберат над 20.000 килограми рибарски мрежи што повеќе не им се од корист на рибарите.