Модната куќа Zara го промени своето лого

70

Фото: Facebook

Шпанската модна куќа Zara го промени своето лого, а новата креација е дело на француската агенција Baron & Baron, пишува Dezeen.

Новиот дизајн се разликува од претходниот по тоа што буквите се збиени една до друга без место помеѓу нив. Повторно, името е испишано со црна боја, но со понагласени детали, каде што Z и R навлегуваат во просторот на буквите А.

Логото веднаш беше цел на критики од многу други дизајнери кои што го нарекоа дури и “клаустрофобично“. Социјалните мрежи се пошегуваа со дизајнот, претставувајќи како истиот би изгледал за неколку години доколку се продолжи со “спојување“ на буквите.

Основачот на француската агенција Фабиен Барон, стои зад дизајните на уште неколку модни куќи, како Dior и Maison Margiela.