Модриот патлиџан ја чува вашата линија

64

modar-patlidzan

Фото: Pixabay

Печен во рерна, на скара или полнет со разни намирници, модриот патлиџан е незаменлива состојка на многу летни јадења. Но, освен тоа тој е и многу здрава и диетална намирница.

Во 100 грама модар патлиџан има само 16 калории. Богат е со калциум, калиум, фосфор, железо, содржи витамини од Б групата, како и добра количина на витамин Ц.

Особено е добар за оние кои имаат проблем со празнењето и работата на цревата.

Благодарение на калиумот, одлично делува на срцето. Модриот патлиџан содржи и фитохемиски елементи што имаат анти-алергиски и анти-инфламаторен ефект.

Кога купувате, одбегнувајте ги премногу зрелите и крупните затоа што имаат многу семки.

Овој зеленчук се чува во фрижидер во хартина кеса, а треба да се употреби во рок од четири до пет дена.