Bright Night, е името на првото светлечко шише шампањ во светот, дизајнирано за специјални прилики. Популарниот производител на овој пијалок, Moet & Chandon се надева дека шишето што свети ќе биде револуција, особено во луксузните клубови ширум светот.
Шишето е осветлено одвнатре, а златната светкава аура е резултат на металик слојот што е нанесен на површината на шишето. Bright Night за сега е ограничено на Methuselah grand формат, или како што велат од компанијата “совршена доза на луксуз за важни моменти во животот”.
Светлечкото шише ќе биде пуштено на пазарот во ограничено количини по цена од 1.500 евра.