Мој ДДВ ќе продолжи и во 2023 – се зголемува лимитот

79

Од почетокот на 2023 година можноста за поврат на данок, преку проектот мој ДДВ не само што ќе остане во функција, туку и ќе се модифицира.

Така граѓаните наместо досегашните 1800 денари за едно тромесечие ќе може да добијат до 2100 денари, најави Сања Лукаревска, директорка на УЈП во вечерашното издание на Дневникот на Сител.

-Мерката Мој ДДВ даде резултат. Обезбедени се средства, повеќе од 2 милијарди се предвидени во буџетот затоа што ќе го зголемиме и лимитот. Како што ветивме од 2023 година ќе враќаме за едно тримесечие 2.100 денари кај граѓаните наместо досегашните 1.800 денари, рече Лукаревска.

Во однос на информациите за можни злоупотреби и попречување на можноста за скенирање на фискалните сметки, Лукаревска рече дека надлежните институции се редовно на терен и интервенираат да може процесот на скенирање фискални сметки непречено да тече.