МојДДВ – апликација за скенирање на фискални сметки

9709

Од денеска започнува реализација на проектот Мој ДДВ, па сите физички лица ќе можат да ја симнат апликацијата МојДДВ, преку којашто ќе може да ги скенираат своите фискални сметки.

Сите физички лица кои се регистрирани на системот е-Персонален данок, преку апликацијата МојДДВ ќе можат да го скенираат бар кодот од фискалните сметки и да го остварат правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.

Граѓаните кои не се регистрирани, од Управата за јавни приходи (УЈП) ги повикуваат да се регистрираат на е-Персонален данок и со скенирање на фискалните сметки да го остварат правото на поврат на ДДВ.