Моќни реченици што ги користи добриот шеф

40

menadzer-pixabay

Фото: Pixabay

Лидерството секогаш започнува со добра комуникација. Успехот на шефот и на вработените зависи од неговото лидерство. Добриот шеф ги мотивира своите работници и внимава да не изговори штетни забелешки што ќе ги демотивира вработените. Според Inc, добриот шеф ги користи овие реченици:

Имам целосна доверба во тебе

Обесхрабрувачки е да се работи за шеф кој не верува во способностите на својот вработен и го маргинализира. Најдобар лидер е оној кој има способност да одбере добар работник да ја заврши работата без тој да се меша во реализацијата.

Ова сакам да го направиме

Она што го одделува исклучителниот шеф од просечниот е неговата способност да комуницира за неговите планови за големата слика со вработените, наместо само да делегира наредби. Трасирањето на јасна патека за неговиот тим поттикнува чувство за стабилност на работното место.

Што може да направиме подобро следниот пат

Од грешките најдобро се учи. Треба да прифатиме дека не секогаш донесуваме правилни одлуки и грешиме, а неуспехот е дел од успехот. Добриот шеф не го прекорува работникот, туку го поучува како да ја избегне грешката следниот пат.

Кое е твоето мислење

Добриот шеф не го става егото пред иновативноста. Тој бара совет од секој вработен без разлика на тоа на кое хиерархиско скалило се наоѓа.

Добро си ја завршил/a работата

Без оглед на тоа колку е платен работникот, тој секогаш сака да знае дека некој се грижи и оддава признание на неговата работа.