Моќниот кантарион

127

kantarion-pixabay

Фото: Pixabay

Моќта на маслото од кантарион е добро позната. Покрај тоа што одлично смирува, има и лековито дејство – од разни кожни проблеми како акни, лузни, изгореници од сонце, до блага депресија и гинеколошки проблеми.

Еве за што е добра оваа билка:

Против реума

Одличен е за масажа. Поволно делува на циркулацијата, а особено е добар за воспаление на мускулите, нервите и за ублажување на болките од реума.

Рани од лежење

Маслото е одлично за спречување на рани кај болните кои долго време лежат. Завојот со масло менувајте го неколку пати на ден.

Против стрии

Трудниците можат да користат маслото против стрии, но не смеат да пијат чај од кантарион.

Против херпеси, акни

Оние што страдаат од хемороиди, чиреви, проширени вени, херпеси, акни, лузни и изгореници се препорачува да се мачкаат со масло неколку пати на ден.