МОЛ заинтересиран за словенечки Петрол

36

petrol

За словенечката нафтена компанија Петрол заинтересирани се повеќе стратешки партнери, меѓу кои унграски МОЛ, Socar од Азербејџан и неколку меѓународни финансиски фондови.

Петрол, во кој државата има мнозински удел, не беше на листата 15 претпријатија што словенечката влада ги продава во сегашниот приватизациски пакет, но неговата продажба е се поверојатна, откако владата во заминување на Аленка Братушек го промени енергетскиот закон, пишува љубљански Дневник. Со овој закон владата го укина ограничувањето по кое енергетските претпријатија кој имаат и јавна функција (како Петрол кој на основа на државна концесија продава земен гас) не можат да го продадат својот контролен удел од 25% ако за тоа не добијат согласност од владата.

Оваа словенечка компанија минатата година оствари приход од 3,2 милијарди евра.

МОЛ веќе има 49,1% удели во хрватската нафтена компанија ИНА.