Молдавија бара од ЕУ фонд за купување гас

81

Молдавија разговара со европските партнери за создавање фонд за субвенции за ублажување на последиците од поскапувањето на гасот, изјави премиерката на таа земја Наталија Гаврилица.

„Разгледуваме сценарија за купување гас на пазарот. „Преговараме со партнерите од ЕУ за заедничка платформа за купување гас, обидувајќи се да ги убедиме да создадат солидарен фонд кој ќе им овозможи на земјите како Молдавија да го ублажат влијанието на поскапувањата“, рече Гаврилица во понеделникот, пренесе РИА Новости.

Таа изјави дека енергетската криза ќе ги погоди и развиените земји и дека на Молдавија ќе и биде многу тешко без таква поддршка.

Во октомври, молдавските власти се договорија со „Газпром“ да го продолжат договорот за снабдување со гас со ревизија на долгот на „Молдовагаз“ во 2022 година.

„Газпром“ соопшти дека имајќи ја предвид ситуацијата во Молдавија, одлучено е договорот да се потпише практично под условите на молдавската страна, но со навремена исплата на 100 отсто од тековните плаќања.

Тендерот за ревизија пропадна, меѓу другото, и поради настаните во Украина, но властите продолжуваат да бараат ревизија.

Сепак, „Газпром“ сега има опција да го прекине снабдувањето со гас за Молдавија во секое време.