Молдовагаз го плати долгот од 74 милиони долари на Газпром

78

Молдавската гасна компанија „Молдовагаз“ објави дека на „Газпром“ му е исплатен долг за гас од 74 милиони американски долари (нешто повеќе од 65 милиони евра).

Молдавската влада претходно побара од рускиот гасен гигант да не го прекинува снабдувањето со гас и се обврза целосно да го подмири долгот на 26 декември, пишува SEEbiz.

Официјалниот претставник на „Газпром“, Сергеј Купријанов, рече дека концернот, по исклучок, покажувајќи добра волја и разбирање за тешката ситуација во која може да се најдат молдавските граѓани, се согласила на ова барање.

„Истовремено, „Газпром“ очекува Молдавија целосно да ги подмири своите обврски во иднина и да ги плати во рамките на сегашната обврска. Договорените обврски мора да бидат подмирени“, рече Купријанов.

„Газпром“ во понеделникот ја извести Молдавија дека може да го прекине снабдувањето со гас во рок од 48 часа поради неплаќање според сегашниот договор. Директорот на „Молдовагаз“, Вадим Чебан објави дека побарал од Владата заем за враќање на долгот кон „Газпром“ во износ од 74 милиони долари.