MolecuLight i:X – уред што детектира бактерии во рана

20

devices-with-shadow_high-heel-1

Фото : Moleculight

MolecuLight i:X е уред што овозможува брза и лесна детекција на бактерии во рани, а со тоа и подобар третман на пациентите.

Медицинските лица на безбеден начин можат да видат каде се наоѓаат бактериите со помош на флуоресцентни сигнали емитирани од ткива и микроби кога се осветлени со специфични бранови должини на светлината. При процесот не се потребни никакви агенси, ниту пак контакт со пациентот.

MolecuLight i:X прво ја слика раната одблизу со нормална светлина. Потоа светлата се гасат, а уредот прави уште една фотографија осветлувајќи го ткивото со безбедна ултравиолетова светлина.

Здравата кожа емитува зелена флуоресцентна светлина, а бактериите црвена. MolecuLight i:X прецизно покажува колкава површина зафаќаат бактериите во раната.