Момент на вистината за дигиталното евро пристигнува во април

111

Европската централна банка (ЕЦБ) најверојатно во април ќе одлучи дали ќе продолжи со подготовките за лансирање на дигиталното евро, сложен проект којшто може да ги олесни плаќањата, но и да ги разниша темелите на финансискиот систем.

Најавата на Facebook за проект за лансирање на сопствена дигитална валута во летото 2019 година (првично наречена Libra, а сега Diem) беше повик за будење на централните банки и владите ширум светот.

Некои централни банки, вклучително и Шведска и Кина, веќе работеа на дигитални верзии на сопствените валути. Но, многумина одлучија повеќе да ја истражат идејата, по објавата на Facebook, за да го заштитат својот монетарен суверенитет.

На 18 јули G7 ги наведе барањата кои треба да ги исполни новата “паричка“ на Facebook, Libra, бидејќи регулаторите сè повеќе внимаваат на “сериозните ризици“ кои ги носи оваа дигитална валута.

ЕЦБ на 12 јануари ја заклучи јавната расправа на која привлекоа масовни повратни информации со повеќе од 8.000 одговори.

“Добивме рудник со информации што во моментов ги обработуваме, рече на 21 јануари претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, објаснувајќи дека тоа ќе доведе до извештај што ќе биде јавно достапен. 

“Само на пролет, веројатно во април, ќе утврдиме дали ќе ја продолжиме работата“, додаде таа.

Фото: Pixabay